0 почетна * e-mail




.:. ЗА ЛЕАРНИЦА

МЗТ ЛЕАРНИЦА АД Скопје е акционерско друштво во приватна сопственост за производство на одлеаноци од сив и нодуларен лив, како и одлеаноци од обоени метали, со целосно заокружена технолошка целина од изработка на модел-опрема, изработка на јадра, калапирање, леење, пескарење на одлеаноците, машинска обработка, бојадисување, пакување и складирање во сопствен склад за продажба.
n


 

Целосниот назив на друштвото е Акционерско друштво за производство на одлеаноци од сив и нодуларен лив и обоени метали МЗТ Леарница АД Скопје.

Скратен назив на друштвото е
МЗТ Леарница АД Скопје

Седиштето на друштвото е на адреса: Перо Наков бб, 1000 Скопје
Република Македонија

Управувањето со капиталот на друштвото го вршат:
Вујица Илијески
претседател
Илија Костов
извршен директор
д-р Тодор Барзов
стручен соработник на претседателот

 
Нашето друштво особено внимание посветува на квалитетот во своето работење, целосно почитувајки ги барањата на купувачите и водејќи сметка за нивно задоволство од производот и деловната соработка.

Развојот е императив, преку кој обезбедуваме конкурентност на пазарот и профитабилност на друштвото, вклучувајки ги вработените во развој на истото, а во согласност со нивната компетентност, знаење, искуство и обезбедувајќи им постојана едукација.

Изборот на респектабилни добавувачи е дополнителна гаранција за квалитетот на нашиот производ.
 

Претпријатието своите процеси ги извршува исклучително според барањата на ISO-стандардот, за што има добиено соодветни сертификати.

 
 
   

МЗТ Леарница АД Скопје има квалификувана работна сила која е во систем на постојана едукација за извршување на следниве работи:

  • изработка на модел-опрема за леарство од дрво, пластика или метал

  • изработка на јадра со CO2-постапка и шалко-постапка

  • калапирање во шасии (800x1000, 1200x1600, 800x800, 630x500 и рачно поле)

  • сопствен погон за епоксидна заштита

  • сопствен погон за класично бојадисување и битунирање

  • сопствен погон за машинска обработка

  • сопствена лабораторија за механичко испитување, металографско испитување, испитување на квалитет на песокот, како и хемиска анализа на металот

Друштвото е отворено за кооперантски односи со други претпријатија во доменот на повеќе видови соработки.

Организациска шема за управување со горенаведените процеси
download (.pdf. 122 KB)

Организациска шема на МЗТ Леарница АД Скопје
download (.pdf. 118 KB)

 

МЗТ Леарница АД Скопје во текот на своето постоење доживува неколку значајни инвестиции и трансформации.

1945 - МЗТ Леарница е формирана како оделение во состав на МЗТ Тито

1970 - во Леарницата е извршена значајна реконструкција со нови печки и Gisak полуавтоматски калаперски линии

1976 - МЗТ Леарница прераснува во самостоен правен субјект

1976 - во МЗТ Леарница се усвојуваат нови технологии по Mehanite лиценца

1984 - во Леарницата е извршено значајно проширување на топилничките и калаперските капацитети со нови печки, миксер и формат-машини за калапирање

1996 - МЗТ Леарница е трансформирана во акционерско друштво со доминантна сопственост на Комерцијална банка АД Скопје

2005 - доминантен сопственик на МЗТ Леарница АД станува Вујица Илијески преку претпријатието МЗТ Енергетика

2006 - во Леарницата се инсталирани нови топилнички агрегати, договорена е и во тек е реализација на нова автоматска калаперска линија, како заокружена технолошка целина со нова линија за подготовка на песок и пескара

 

...n...почетна...n...за леарница...n...производи...n...нарачки...n...контакт...n...

МЗТ Леарница © Сите права задржани.

gallerien videos abspritzen photos kostenlose filme chat bilder geschichten free fotos